„Посилниот го победува послабиот“ – Сообраќајот пред да се измисли семафор – ВИДЕО

семафор semafor

„На денешен ден пред точно 110 години во Кливленд, Охајо, беше поставен првиот електричен семафор.“ – раскажува историјата пренесува avtomagazin.mk

Можеме ли денес од оваа перспектива да го замислиме сообраќајот без семафор? Во Америка, назад во минатото тоа било лудо време каде не постоеле семафори и никакви сообраќајни правила. Освен правиот „посилниот победува“. Ford бил единствениот кој продавал 20.000 автомобили. Но, секако на шоферите не им било едноставно особено низ крстосниците.

семафор

Полицијата била во безизлезна ситуација и константно барала солуција. Секако семафорот е измислен од полицаец. Интересно е што тој семафор имал облик на кутија, и постоела само црвената и зелената боја. Но, овој сообраќаен знак бил најпрво измислен уште поназад во 1868 година. Бил „роден“ во Лондон и истиот функционирал на гас. Како и да е, првичната замисла не успеала, затоа што по само еден месец експлодирал, што ги натерало луѓето да го заборават. После разочарувањето од функционалноста на семафорот без кој денес не можеме да функционираме, идејата одново „кликна“ во Америка кога повторно се роди замав на електрификација во земјата.