Во срцето на глобалната економска сцена, шпанскиот премиер Педро Санчез испраќа порака до Европската Унија и Кина. Повикува на внимателност и размислување пред воведувањето дополнителни царини за кинеските електрични автомобили. „Не ни треба уште една војна, а најмалку трговска војна“. Истакна Санчез и повикува на дијалог и соработка на крајот од неговата официјална посета на Кина. Додека Европската комисија веќе воведе привремени царини од 5ти јули, шпекулациите околу дефинитивните мерки кои треба да стапат на сила за неколку месеци, оставаат простор за дипломатска маневра. Шпанија ќе дејствува конструктивно во потрагата по компромис. Притоа, истакнувајќи дека сите земји – членки, вклучително и Шпанија, треба внимателно да ја преиспитаат својата позиција. Во текот на летото, Шпанија го поддржуваше воведувањето на дополнителните царини, но на повидок е нова промена на курсот пред клучното…
Фолксваген пред радикални промени! Дури и гигантите како Фолксваген, се соочуваат со предизвици кои бараат брзи и драстични мерки и промени. Раководството на германскиот производител на автомобили најави амбициозна програма за штедење која ќе трае до 2026 година. Целта е повеќе од јасна: да се надмине финансискиот дефицит од пет милијарди евра. Еден од најконтроверзните потези е планот за укинување на околу 110 000 работници. Овој потег сигнализира на сериозна промена во стратегијата на компанијата. Одлуката доаѓа по неодамнечниот кризен самит со врвните менаџери. На кризниот самит беше истакнато дека економското опкружување станува сè потешко и дека конкуренцијата во Европа се засилува. Извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме, изјави дека компанијата е принудена да дејствува решително во оваа сложена средина... Со оглед на заостанувањето на Германија во однос на конкуретноста.…
Zeekr 7X: Најновиот Електричен Кросовер - Нови Стандарди! Zeekr ќе започне со продажба на својот нов електричен Кросовер 7Х во Кина. Тоа ќе се случи на крајот на септември. Глобалната продажба, вклучувајќи ја и Европа, ќе започне следната година. Новиот Zeekr 7Х се издвојува со своите импресивни димензии: должина од 4825 mm, ширина од 1930 mm, висина од 1656 mm и меѓуоскино растојание од 2925 mm, при што волуменот на багажникот достигнува 616 литри. Кросоверот доаѓа со тркала од 19 и 20 инчи со што е нагласен робусен и модерен дизајн. Zeekr 7Х презема дел од стилските и техничките решенија од моделот Zeekr 007, вклучувајќи го и LED панелот на предната страна. Кросоверот е поставен на платформата SEA и е опремен со батерии од 75 или 100 kWh со 800 –…
Форд го чувствува ударот од лошите одлуки! Форд инвестираше над две милијарди евра во електрични возила. Ги жртвуваше своите класични модели. Брендот кој со децении гради имиџ врз моторите со внатрешно согорување, сега се соочува со криза. Лошите одлуки секогаш се враќаат како бумеранг. Преминот кон електрификација не им донесе успех на многу „народни“ марки, а Форд очигледно не е исклучок. Наследството на Мартин Сандерс, поранешниот шеф на марката во Европа, е тежок товар кој ја загрозува иднината на некогаш најпродуктивната фабрика за автомобили во Германија. Сандерс инвестираше милијарда за трансформација на фабриката во електрична производна линија, но резултатите се далеку од очекуваните. Гунар Херман, член на надзорниот одбор на Форд во Келн, јасно укажува на тоа дека производството е премало за да оправда две смени во фабриката. Испрати предупредување…
Не ретко доаѓаат информации и вести кои пренесуваат дека во САД се купуваат автомобили кои всушност не постојат. И иако со години не се произведуваат, тоа се случува. Но, како? Постојат колекционери на автомобили во САД кои добро се знае дека ги чуваат автомобилите што подолго време, за да расте нивната цена. Но, во земјата, постојат и дилерства со големи залихи, па лесно на плацевите може нешто со години да остане непродадено. На листата на вакви т.н. зомби автомобили се најдоа и автомобили кои всушност не се произведуваат со години. А можеби и со децении. Меѓу нив се најдоа Fiat Multipla и Barchetta (и тоа 3 примероци), за кои ретко кој памети кога биле на пазарот. На листата се наоѓаат и Alfa Romeo 147, 159 и GT, како и Honda…
„Резервирана лента“ или „voie réservéve“ е името на овој сообраќаен знак кој многу често се наоѓа на патиштата низ Европа. Но, веројатноста дека го знаете овој знак кој е со бел дијамант на сина позадина, не сме баш сигурни дека некој воопшто го знае. Неговата функција е да сигнализира дека сообраќајната лента е резервирана за возила што собираат автобуси, електрични возила, автомобили, такси возила. Основната цел на овој знак е да го намали метежот. Па затоа може да биде активен само во одредени периоди од денот. Имено, истиот е измислен во 2020 година. Казната за непочитување на овој сообраќаен знак односно возење по резервирана лента, изнесува 135 евра. Сообраќајните ленти се следат со специјални радари. Додека казни ќе плаќаат возачите со помалку од двајца патници во возилото, според Sortir a…
Ова не е единствен проблем на ТЕСЛА за годинава. Изгледа дека софтверските проблеми постојано им се повторуваат на гигантот, а секако ова е лоша реклама. Имено, овој пат станува збор за софтверски пропуст поради кој на сред возење се отворала хаубата. Секако повеќето од жалбите доаѓаат од САД. Станува збор за бројка од 1,8 милион возила на Тесла кои се соочуваат со ова. Всушност проблемот е што изгледа дека постои опасност софтверот да не препознае дали хаубата или предниот багажник е заклучен. НХТСА, агенцијата за безбедност во сообраќајот вели дека ова е голем проблем. Ако тоа се случи ненадејно на пат, ќе се намали прегледноста. А тоа може да дојде до непосакувани последици и сообраќајна незгода. Се загрозуваат сите учесници во сообраќајот, па ТЕСЛА мора да работи ан решавање на…
Volkswagen го претстави ID Unyx. Имено, автомобилот е посебно развиен и наменет за кинескиот пазар, па би рекле дека е привилегија само за кинезите. Станува збор за веќе постоечката стратегија „Во Кина, за Кина“ Кина сеуште ја провоцира Европа , па секако постои извесна љубомора. Иако ID Unyx е наменет да ги задоволи апетитите само на своите клиенти од Кина, а секако моделот, предизвикува восхит, интерес и љубопитство од цел свет. Но, и покрај тоа, Volkswagen засега е посветен на кинескиот пазар, па не покажува интерес за да го претстави и лансира глобално. Фокусот им останува во Кина. Што се однесува до дизајнот и перформансите, новиот ID Unyx, нуди прилагодлив 3D аватар. Со него, може да се водат разговори. По вокација е електричен купе кросовер, а автономијата е повеќе од…
Иконата се враќа: Новата Lancia Delta ќе се продава првенствено во Европа и ќе биде лансирана исклучиво како електричен автомобил. Извршниот директор на Lancia, Лука Наполитано, потврди. Новата Delta ќе ја користи базата STLA Medium како премиум пандан на Peugeot E-308. https://www.youtube.com/watch?v=XXcshV0KPTA
Светски познатиот гигант - Ford (Форд), признава дека е премногу амбициозен во поглед на својата вложеност кон продажба на електрични возила. Веројатно плановите се далеку од реализирани и нивната визија дека не изгледа онака како што ја замислиле. „Мислам дека клиентите го кажаа своето мислење и ни рекоа дека тоа е премногу амбициозно. Не мислиме дека целосното електрично производство до 2030 година (за Европа) е добар избор за нашиот бизнис... Или, особено, за нашите клиенти.“ изјави извршниот директор на одделот Модел Е на Ford, Марин Ѓаја, во интервју за Autocar. Имено назад во 2021 година, компанијата ги имаше споделено своите планови кои ветуваа дека ќе ја ја направи својата европска флота електрична до 2030 година. Но, ова е втор пат, Форд да изјави дека ќе ги забави своите планови. „Доколку…