Повикувајќи се на состанок меѓу раководството и работниците, што подоцна го потврди автомобилскиот производител, Audi одлучи да ја затвори својата фабрика во близина на Брисел. Информацијата ја објави белгискиот весник L’Echo, пренесува biznispro. Извори кажуваат дека сепак нема да има затворање на работни места пред 28 февруари 2025 година. Тоа е датумот планиран за да се стави катанец на фабриката во Брисел. Меѓу другото се зборува и дека друг инвеститор ќе ја преземе оваа фабрика. Директорот за комуникации на Audi во Брисел, Питер Д’Хор, изјави дека разговорите со работниците за можни отпуштања се во тек.
Користијки единствена технологија која комбинира механички и хидрометалуршки процеси каде материјалите се разградуваат со помош на вода, Mercedes ја отвори првата постројка во Европа. Центар за рециклирање на батерии. На тој начин литиумот, никелот, кобалтот и другите материјали низ неколку фази се одвојуваат едни од други... При што степенот на рециклирање надминува 96 отсто. “ - пишува avtomagazin.mk. „Материјалите потоа без претходна обработка можат да се користат за производство на нови батерии. Методот што го има избрано Mercedes за нивно раздвојување е доста помалку интензивен од другите... Во поглед на потрошувачката на енергија и создавањето отпад.“ Истото се должи на ниски работни температури кои достигнуваат само до 80 степени. За разлика од пирометалуршкиот процес каде се искачуваат и до 1.600 степени. Од Mercedes тврдат дека ќе се добијат доволно материјали…
После падот на продажбата во Европа, гигантот Nissan веднаш започна да бара алтернативни решенија за да се врати помеѓу пиедесталните места на пазарот. „Најпрво во сопствениот двор, во неговата поранешна шпанска фабрика каде локалната компанија Silence произведува електрични мотоцикли и мали градски возила. Во договор со нив јапонската марка ја презеде дистрибуцијата, засега само за Италија, Франција, Германија и Велика Британија.“ - пренесуваат медиумите во контекст на наоѓањето на решение за падот на продажбата на Nissan. Квадрициклот S04 беше во нивни интерес. Истиот ќе чини 12 илјади евра, што е за две илјади повеќе отколку во Шпанија. Широко 1,3 метри. Долго е 2,3 и има две седишта и доаѓа во верзии со 8 или 19 коњски сили. Може да има една или две батерии кои се отстранливи и можат да…
Последниве години грижата околу сообраќајната култура е зголемена. И тоа не се случува само кај нас, туку во целиот свет. И покрај будното следење за тоа дали се почитуваат сообраќајните знаци и регулативите кои стремат кон поголема безбедност во сообраќајот, возачите не се многу многу засегнати. Еве кои се најопасните возачи низ Европа или најопасни земји за возење во Европа. Имено на социјалните мрежи излезе мапа која ја покажува генералната слика во Европа. А еве во кои земји, треба особено да внимавате со возење доколку планирате да ги посетите. Коефициентите се пресметани со бројот на загинати во сообраќајот во однос на бројот на луѓе кои живеат во таа земја. А истражувањето го спроведе Европскиот совет за безбедност на транспортот, пренесува n1.info.rs Бугарија и Романија водат со висок индекс 82 и…
Продажбата на автомобили во Европа е на загрижувачко ниво. Индустрија та бара да се преиспита забраната за продажба на автомобили со внатрешно согорување до 2035 година. „Германија и Италија се приклучија на повикот на европската автомобилска индустрија до Европската унија да ги олесни целите за CO2 за автомобилите и да ја разгледа забраната за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година.“ - пренесува plusinfo.mk Имено, Адолфо Урсо, италијанскиот министер за индустрија вели дека земјата заедно со Германија ги поддржуваат другите земји во барањето за олеснување на стандардите за емисија на CO2 за автомобилите. Порталот Еуроњуз пренесува дека тие ќе побараат и преиспитување на најавата на ЕУ. Најавата дека во 2035 година ќе забранат продажба на автомобили со бензински и дизел мотори. Предупредувањата на Урсо дека европската…
Geely ја проширува својата визија! Geely е кинескиот автомобилски гигант. Истиот е во трка е за пронаоѓање на идеалната локација за изградба на нова голема фабрика во Европа. Европа е во фокусот на интересот на неколку кинески производители на автомобили. Но, Geely се стреми да ја направи својата позиција уште посилна. Визијата на кинескиот автомобилски гигант отвора нови хоризонти за себе на едно од најзначајните автомобилски пазари во светот. Иако потпреседателот на Geely Auto Group, Ли Чуанхаи, неодамна на прес - конференција во Фракфурт изјави дека сè уште не е 100 % сигурно каде ќе се изгради фабриката, шпекулациите веќе го насочија вниманието кон Полска. Во преговори со полската влада , Geely разгледуваше можности. Можности за нов производствен погон, но истовремено се појавуваат информации дека Полска не го гледа Geely…
Светот беше фасциниран од моделот Y на Tesla кој минатата година стана најпродаван на пазарот во Европа. Но, само после половина година настана огромен пресврт во автомобилската индустрија, Model Y падна забележливо на листата за најпродавани автомобили. Оваа година, на пиедесталното место во однос на продажбата во Европа, се најде Dacia Sandero. Според проценките, сите се изненадени бидејќи поголеми беа очекувањата да победи релативно скап електричен SUV. Имено, ова го откриваат податоците за продажбата во земјите членки на Европската унија и Европската асоцијација за слободна трговија, како и во Велика Британија. На врвот излезе Дачија со 143.596 продадени Сандерс.VW Golf се искачи на второто место. Во првата половина на 2024 година се продадени 126.993 примероци на Golf, додека на третото место е Renault Clio со 114.623 продадени примероци, пренесува Јутарњи…
Гигантската фабрика за батерии во Европа во криза. Поради падот на продажбата на електрични возила фабриката го менува своето производство. Целата индустрија поврзана со производството на електрични возила е загрижена. Но, најповеќе се погодени производителите на батерии кои се високо специјализирани. Инаку, корејска компанија која отвори филијала во Полска, LG Energy Solutions има вработено 6.600 работници. Со ова, таа е најголемиот снабдувач на батерии за европската автомобилска индустрија. Но, токму драмата што се случи низ Европа со паѓањето на продажбата на електрични возила, донесе драма и во оваа фабрика. Приходите ќе се намалат за една третина оваа година, на 6,7 милијарди долари, пренесува Bloomberg. Новата солуција за излегување од кризата е префрлање во производство на батерии за складирање на произведена електрична енергија во домаќинствата и индустријата! „Според списанието HAK, LG…
Во светот на автомобилската индустрија, Европа неоспорно е едно од најголемите и највлијателни седишта. Со својата богата историја во автомобилското инженерство и иновации, континентот се наоѓа во врвот на листата на производители на квалитетни и врвно дизајнирани возила. Секој автомобил што излегува од европските фабрики е сведок на прецизноста, иновациите и стилот кои се вградени во нив. Но што ги прави европските автомобили толку посебни? За да го истражиме тоа, треба да се загледаме во најпопуларните модели што се возат на континентот. Кои автомобили ги возат Европејците? Во проодлжение погледнете кои се Топ трите автомобили во кои тие уживаат: -Најчесто возен и купуван во: Белгија, Германија, Австија, Албанија, Луксембург, Македонија… - Volkswagen Golf -Најчесто возен и купуван во: Хрватска, Чешка, Словачка, Словенија, Швајцарија… - Skoda Octavia -Најчесто возен и купуван во:…
Во светот на финансиските трансакции, Европскиот совет прифати нови регулации за моментални плаќања. Имено, ситото може да биде револуција во однос на начинот на кој граѓаните и компаниите пренесуваат пари. Според новите правила, инстантните финансиски трансакции во евра, ќе бидат извршени преку банките, без никакви дополнителни такси надвор од стандардните трошоци за кредитни трансфери. Оваа иницијатива им овозможува на луѓето и на компаниите да ги префрлат парите на своите сметки во рок од само 10 секунди, независно од денот и времето на денот. Оваа нова регулатива за инстантни плаќања во евра, прифатена од страна на Европскиот совет, ќе донесе значителни предности за европскиот финансиски сектор и за граѓаните и компаниите. Овие промени не само што ќе го засили нивното финансиско самоопределување, туку и ќе донесе подобрувања во процесот на пренос…