Rolls-Royce Ghost – Цената „крева“ зашто бил во сопственост на легендарниот Том Брејди

Rolls-Royce Ghost

Легендарен американски фудбалер Том Брејди бил сопственик на престижниот автомобил со редок статус што асоцира на луксуз, комфор, ексклузивност. Rolls-Royce Ghost

Имено, сега автомобилот се продава преку аукцијата на Sotheby’s Motorsport (SOMO). А секако и цената „крева“ поради фактот дека сопственик бил Брејди.

 Rolls-Royce

Ghost е вистинско чудо на дизајнот, а со оглед на тоа што помина само 200 километри во сопственост на Брејди, автомобилот е всушност сосема нов и зрачи со елеганција и стил.“ – забележува autblog.rs.

Преовладува црната дијамантска боја, што му дава префинета и мистериозна нота. Токму онаква како што не може да се игнорира на патот. Кабината е луксузна. Белата боја доминира во ентериерот. Посебен детал се таблите на праговите со потписот на Брејди.

 Rolls-Royce

 Rolls-Royce

Секако удобноста во Rolls-Royce Ghost е приоритет, затоа што веруваме дек веднаш штом се спомне брендот, замислувате како пиете шампањ на задното седиште, додека личен шофер го управува возилото. Апетитот за нешто повеќе околу автомобилот задоволете го на изворот на оваа информација, па ако сте заинтересирани, што да ви речеме. Тропнете на вратата Sotheby’s Motorsport (SOMO).