Минијатурна скулптура на Ролс Ројс чини над 5000 евра!

Минијатурна скулптура на Ролс Ројс чини над 5000 евра!

Па кој не сака Ролс Ројс нели? Чисто се смоневаме дека некој не би се замислил како барем еднаш вози низ улиците на Њујорк удобно сместен во најпознатиот автомобил, симбол на престиж и богатство. Ех… Но, да се вратиме во реалноста.

На интернет кружи веста за извонредната мала скулптура, макета на самиот модел. Претставен е нов родстер кој веќе може да се најде по нивните претставништва и салони. Изработен е од вистинско дрво и ги користи истите материјали што ќе ги најдете во Rolls-Royce што се движи по патиштата.

Ролс Ројс

Именуван како Cameo, целта на оваа скулптура (макета), е да се даде почит на раните автомобили на компанијата со отворен покрив. Компанијата не споменува цени, но откриена е цената на еден дилер кој веќе го има Cameo во својата онлајн продавница.

Ролс Ројс

За овој луксузен модел, макета која е идентична на оригиналот и доаѓа во делови кои сопственикот сам треба да ги состави, цената која ја бара е 5.243 евра. па не е многу…Со оглед на фактот што тоа едиснтвениот Ролс Ројс.

Ролс Ројс