Такси роботите се повеќе се актуелни во светот. Машините очигледно ја преземаат работата на човекот. Вештачката интелигенција изгледа дека заклучува врати, а овој пат зборуваме за вратите кога влегувате во овие такси роботи. „За Ваша безбедност, вратите ќе ги заклучиме“, вели такси роботот – робот TAXI.
Имено, новинарка од Сан Франциско, (каде веројатно е нормално да влезеш во празен автомобил и да му го довериш животот на „вештачката интелигенција“ и на робот TAXI) реши да ја проба услугата на Waymo. Но, веројатно им направи антиреклама. Епа сега што да се прави кога сето тоа е вистинито.
Нејзината релација е од нејзиниот дом до музејот од каде треба да го земе нејзиниот син. Најпрво таксито застанува на семафор кој свети зелено, а изгледа дека комплетно се збунува и продолжува во сосема друга насока. Новинарката полудува затворена во автомобилот. Бесна е затоа што музејот е всушност сосема на другата страна. Подоцна заклучува дека подобро ќе беше да пешачеше до таму. Но, секако ќе се чувствуваше и далеку побезбедна.
Во еден момент, новинарката мудро алудира на фактот дека во такви ситуации човекот е во емотивен хаос. Сака евидентно да покаже револт и нервоза, всушност нема со кого да се конфронтира. Па нема возач. Во дебата требаат двајца, а вештачката интелигенција, не знае да се изнервира. Хм, до вчера се лутевме зошто сме толку притиснати и нервозни, но сега веројатно ни недостасува таа тензичност.
На крај, клиентката која реши да ја проба услугата на Waymo, во видеото споделува дека се преместува на возачкото седиште. Ја презема контролата зад воланот. Но, според многумина, според стручни или не толку доволно компетентни или обично граѓани за кои всушност најповеќе е наменета идејата за такси робот, се поставува прашањето: „Што кога нема да биде дозволено ни тоа? “ Што кога роботот културно и ненавредливо, само рамнодушно би ти рекол: „Жал ми е, но не смеете да преземате контрола.“ И како што тргнаа работите, замислете може да ви посака нешто на крајот: „ Имајте убав ден“.
Чудно е што мислењата на патниците се поделени, па едни сакаат да се возат, а други се комплетно уплашени воопшто да влезат во него.
„Фактот дека ова е всушност вистинско и дека автомобил без шофер во него сам вози по улиците е лудост!“ „За ваша безбедност, вратите ќе останат заклучени“ – зар ова не ве уплаши?“ „Поопасно е отколку што мислев“. Можеби ако пешачевте, ќе се чувствувавте побезбедни“ – се само дел од коментарите под видеото на you tube.