„Донгфенг ќе користи хуманоиден робот во комбинација со вештачка интелигенција.“ – објави CarNewsChina
Задачата на овие роботи нема да биде само како досегашната манипулација со тешки предмети и некои едноставни дејствија. Напротив, овие хуманоидни роботи (дизајнирани да личат на физичкиот опис на човекот), сега ќе бидат активни на самата производна линија. Ќе извршуваат инспекција, а и логистички операции. Според Index.hr. Станува збор за варијација на роботот наречен Walker S кој ќе се испорачуваат од компанијата Ubtech Technology.
Имено, овој робот е висок 1, 7 метри што е апсолутно приближно на човечката височина. Ќе извршува задачи во производството на возила како што се полнење масло, проверка на бравите и безбедносните појаси, контрола и означување на квалитетот.
–Роботот е опремен со дури 41 спој управуван од серво мотор, а освен перцепција на сила, има и сензори за вид и слух. Заедно со просторната навигација, роботот има способност да комуницира со централниот систем на фабриката, вклучително и размена на информации во реално време. – објави IThome
Во продолжение, погледнете го видеото.