Реплика на легендарниот модел Shelby Cobra од 1965 година, која беше користена за време на снимањето на филмот „Bad Boys“ (1995), ќе се најде на аукција на Mecum во јануари.
Уникатна прилика за Љубителите на Класични Автомобили
Иако не се работи за оригинална Cobra, оваа реплика е толку мајсторски изработена што само искусни колекционери и вистински ентузијасти би ја забележале разликата. Филмот „Bad Boys“ со Вил Смит и Мартин Лоренс во главните улоги, беше еден од најголемите хитови на деведесеттите… Имаше неколку продолженија, од кои последното се појави оваа година. Автомобилот кој ќе се најде на аукцијата не бил управуван од Смит или Лоренс. Туку од ликот на францускиот нарко – бос Антоан Фуше.
Оваа реплика е една од двете што беа користени за снимањето на филмот. Втората била уништена додека оваа останала во сопственост на компанијата South Beach Clasisic. Истата која изнајмува возила за музичката и филмската индустрија.
Од Црвена до Midnight Сина
Првично обоена во црвена боја, оваа Shelby Cobra беше префарбана во Midnight с специјално за потребите на филмот. По снимањето, автомобилот бил складиран и останал во одлична состојба. Карактеристики на Автомобилот Оваа реплика е нешто поголема од оригиналните модели, нудејќи попространа внатрешност. Присутен е Cleveland V8 мотор и FMX автоматски менувач. Каросеријата е украсена со бели линии, а внатрешноста е минималистичка со Nardi Torino управувач, Hurst рачка за менување брзини и инструмент табла позиционирана на средината на контролната табла. Аукцијата Овој ексклузивен автомобил ќе биде ставен на продажба на 18 јануари преку Mecum Auctions.
Проценетата вредност сеуште не еобјавена, но љубителите на класични автомобили и фановите на „Bad Boys“ сигурно ќе се натпреваруваат за ова парче филмска историја. Љубителите на филмови и автомобили, ова е совршен спој на страст и стил – можност што не се пропушта.