Адријан Њуи и Red Bull Advanced Technologies на Фестивалот на брзина во Гудвуд 2024 во Велика Британија, претставија хиперавтомобил RB17.
Идејата како што пренесуваат медиумите да се понуди најблиско можно Формула 1 искуство.
Опремен со хибриден погонски систем, двоседот во поголема дел е изработен од јаглеродни влакна. Мотор на согорување има 4,5 читрена зафатнина, десет цилиндри поставени во V формација, врти до импресивни 15.000 врт/мин, развива 986 коњи и потпишан е од Cosworth. Него му помага и електро мотор, а системската сила достигнува 1.200 КС. RB17, кој тежи само 900 килограми, е со погон на задните тркала и неговиот менувач е обвиен со јаглерод.
Red Bull ветува максималната брзина да достигне до 350 км/ч. Заслугата е на аеродинамиката на каросеријата што од своја страна обезбедува до 1.700 килограми потисок. Овој хиперавтомобил ќе ги доживее своите тестови на средината на 2025 година. Околу производството, за сега се планирани 50 примероци, а цената за истите е пет милиони евра по примерок. Високата цена е оправдана и поради фактот што покрај перформансите, тука е и извонредно високото ниво на персонализација на RB17 кое клиентите сами ќе го одредуваат.