Италијанскиот специјалист ја обновува гамата: Porter NP6 го зголемува товарниот капацитет

Piaggio Porter NP6

По само три години, Италијанскиот специјалист за градски наменски возила, одлучи да ја обнови гамата на Porter NP6

Porter NP6 е развиен и дизајниран со идеја да го максимизира капацитетот на товарот. Нуди компактност, маневрирање што озвозможува лесна прилагодливост во услови на сообраќаен метеж или пренатрупаност. Porter NP6 се покажа дека е идеален партнер на илјадници професионални работници и ги исполнува нивните желби.

Сега, Хановер претстави целосно нова гама. Новата техничка опрема, нови внатрешни фитинзи.

Porter NP6

Безбедносните системи се далеку подобрени и како што е имплементирањето на сеопфатна палета на електронски системи за контрола на возилото, сеопфатната серија на функции ADAS и контрола на возењето. Овозможена е уште поголема удобност целосна усогласеност со прописите за сајбер безбедност. Што се однесува до товарниот капацитет тој може да издржи до 1295 кг во верзијата со задна оска со едно тркало и 1640 кг во верзијата оптимус со двојни тркала.

За движењето се задолжени два ултрамодерни, високо-технолошки мотори CombiFuel и двата со 1,5 литарска зафатнина, 106 КС и 136 Nm. Моторите се линиски четири цилиндерски, кои се разликуваат по нивното комбинирано снабдување со гориво бензин-LPG или бензин-метан. Моторите CombiFuel се достапни во три различни верзии, во зависност од носивоста и автономијата.“ пренесува avtomagazin.mk