Децении наназад работниците во Porche беа сигурни во своите работни места. Но, денес паниката и стравот од отпуштања ја зафаќа целата компанија.
До 8 000 работни места, што претставува околу 20% од вкупните 42 000 вработени во Porche, се под закана, пишува Fenix Mgazin.
Што Стои Зад Овој Драматичен Развој?
Главната причина за оваа криза е слабата продажба на електрични автомобили, која е под очекувањата и силната конкуренција од Кина. Германските производители на автомобили се соочуваат со големи предизвици на глобалниот пазар, а ова особено го отежнува опстојувањето на Porche. Компанијата е под огромен притисок да ги намали трошоците. Тоа може да резултира со драстично намалување на работните места. Овој „развој“ е директна закана за егзистенцијата на илјадници луѓе кои работат за овој престижен производител на автомобили.
Пазарот за Електрични Автомобили
Потрагата за електрични автомобили не е на нивото што го предвидуваа многу производители. Овој тренд го погодува Porchе како и Mercedes – Benz. Германските медиуми предупредуваат дека неизвесноста е голема и сеуште не е познато кои работни места ќе бидат укинати. Ова ја зголемува анксиозноста кај вработените затоа што никој не е исклучен од ризикот. Ова ја зголемува анксиозноста кај вработените, бидејќи никој не е исклучен од ризикот. Што следува? Porche, како и другите грмански производители , ќе мора да се адаптираат на промените на пазарот и да најдат начини за да ја зголемат продажбата на електрични возила. Но, додека компанијата се соочува со овие проблеми, судбината на илјадници работници останува неизвесна.