ВИДЕО: Луда преработка на Лада – Plug – in – Lada 4×4

Луда преработка на Лада: – Plug – in e – Lada 4×4

Кога обичните производители на автомобили ќе претстават електрично возило со четири мотори и ќе кажат дека се работи за „Plug – in“ модел, обично мислат на нешто сосема различно од она што го замислиле руски „јутјубери“ од каналот Garage 54. Овој пат тие се одлучија за луда преработка на стара Лада. Но, не на било кој начин. На луда преработка на Лада – Plug – in e – Lada 4×4

ВИДЕО: Луда преработка на Лада - Plug - in e - Lada 4x4


Наместо традиционален пристап, тие инсталирале електрични мотори на многу необичен начин. Основа на погонскиот систем 4×4 се рачни бушилици, поставени директно на полуосовината. Жиците се продолжени од прекинувачите, кои се поврзани на „контролна табла“ во кабината, веднаш до возачот. На овој начин, гасот се контролира преку пластични прекинувачи со што контролата на моторите е многу специфична и предизвикувачка.

За оваа преработка да биде комплетна, Лада мора да биде приклучена на електрична енергија која ги напојува бушилиците. Тоа значи дека автомобилот може да се вози само ако имате доволно долг продолжен кабел. Меѓутоа, кога го видоа дека работи, мајсторите поставија генератор на кровот на Ладата, го приклучија продолжениот кабел и така ја добија, веројатно, првата е – Лада 4×4. Токму во првиот тест, оваа Lad a достигна неверојатна брзина од -24км/ч!