Низ историјата: Логото на Ролс-Ројс е инспирирано од љубовна афера
...И сите приказни започнуваат од жена... По повод стодваесет годишнината, Ролс-Ројс ги истакнува иконичните личности во својата историја. Меѓу нив, Еленор Веласко Торнтон се истакнува како икона што е позиционирана во срцето на една од најпознатите марки во автомобилската индустрија Ролс Ројс. Токму таа е „Духот на екстазата“. Еленор Веласко Торнто е муза и симбол за елеганцијата што ја олицетворува секој автомобил од марката Ролс-Ројс. Таа азема централно место меѓу клучните фигури зад ова британска најпрестижна компанија. Во продолжение е еве ја приказната што стои зад логото: Оваа дама била силна, умна, самоуверена и исклучително влијателна жена во автомобилската индустрија. Имено, Веласко била секретарка на Клод Џонсон, клучната фигура за продолжувањето на бизнисот на Ролс-Ројс по смртта на нејзините основачи. Таа била инспирација за Чарлс Сајкс - уметникот и вајарот…