Pagani Utopia – одлучно оди по својот пат

Pagani

Pagani Utopia – одлучно оди по својот пат. Најновиот модел  Pagani Utopia, претставува вистински празник на традиционалниот инженеринг со „суров“  6,0-литарски V12 мотор од Mercedes. Носи двојно турбо и никакви хибридни компромиси. Оваа одлука е далеку од случајна. Основачот и директорот Хорацио Пагани го прави тоа за своите клиенти, кои како што самиот вели, не сакаат хибриди.

Во време кога речиси сите нови хиперавтомобили се хибридни, Pagani се издвојува со својата единствена визија. Хорацио Пагани смета дека хибридните системи не се само непотребни туку и тежок товар за возилото и неговите перформанси.

„Во реалноста, никој не е заинтересиран за хибриден автомобил.“ изјави Пагани во неодамнешното интервју за The Drive. Иако лично има неколку хибриди во својата колекција, кога е време да вози, секогаш се одлучува за класичните модели како 911R или Carrera GT.

Легендарниот бренд на хиперавтомобили дури размислуваше за воведување на хибриден V8 мотор, но проектот беше напуштен поради дополнителната тежина која ја донесе оваа технологија. Клиентите на Pagani ги ценат перформансите и чистотата на класичниот мотор.

Додека многумина од индустријата брзаат кон електричнта иднина, италијанската компаија за врвни автомобили, останува верна на својот наследен V12 мотор  кој ќе продолжи да се произведува барем до 2031 година. Во овој свет, каде што новите трендови многу често се прифаќаат без размислување, славниот производител на спортски автомобили, останува непоколеблив во автомобилската страст.