Последниве години грижата околу сообраќајната култура е зголемена. И тоа не се случува само кај нас, туку во целиот свет. И покрај будното следење за тоа дали се почитуваат сообраќајните знаци и регулативите кои стремат кон поголема безбедност во сообраќајот, возачите не се многу многу засегнати. Еве кои се најопасните возачи низ Европа или најопасни земји за возење во Европа.
Имено на социјалните мрежи излезе мапа која ја покажува генералната слика во Европа. А еве во кои земји, треба особено да внимавате со возење доколку планирате да ги посетите. Коефициентите се пресметани со бројот на загинати во сообраќајот во однос на бројот на луѓе кои живеат во таа земја. А истражувањето го спроведе Европскиот совет за безбедност на транспортот, пренесува n1.info.rs
Бугарија и Романија водат со висок индекс 82 и 81, Србија е веднаш зад нив со 76. Летонија е на четврто место со 75. Петтото место со коефициент 60 ќе да го делат Португалија, Грција и Хрватска. Според оваа мапа, најдобри возачи би биле Норвежаните и Швеѓаните со коефициент 20 и 22. Потоа во топ 5 се Британците, Данците и на крајот Швајцарците. На списокот и т. мапа, ја нема Македонија, а податоци нема и за Албанија, Црна Гора и Босна. Многумина мислат дека ситуацијата би била загрижувачка доколку се измери индексот на сообраќајни незгоди и сообраќајната некултура во овие земји.