Најдобрите off road возачи од целиот Балкан, беа собрано во Крушево. Ова беше уште едно извонредно издание на „Macedonian 4×4 Trophy“ кое се одржуваше од 9 до 12 мај.
Манифестација беше вистински спектакл. И преку денот и ноќта се возеше низ крушевската корија, а публиката со возбуда го следеше адреналинксото шоу.
„Подготовките за настанот траеа неколку месеци. Нивото на манифестацијата од година во година расте. Oваа година имавме уште повеќе натпреварувачи во споредба со минатото издание.“- истакна Панчо Чупаркоски, претседател на клубот „OFF ROAD PRILEP“.
И оваа година, како и минатата, генерален спонзор беше СН Осигурителен Брокер АД Битола, општествено одговорна компанија и лидер во секторот на осигурувањето.