Пат во Норвешка опремен со радари ги вклучува светлата кога ќе се појави возило
Секојдневно излегуваат нови решенија во поглед на технологијата и иновациите. Сведоци сме на време во кое технологијата се развива со брзина на светината. Некои замеруваат за рапидниот напредок и промените кои се однесуваат на технолошкиот развој. Но како и да е, мораме да забележиме дека некои од тие решенија се навистина ефикасни и придонесуваат, особено кога станува збор за сообраќајот. Имено, Норвешка имплементира иновативен пристап за намалување на потрошувачката на енергија користејќи автоматско затемнување на патиштата.
Ова вклучува употреба на LED улични светла опремени со радарски сензори кои детектираат пешаци или возила кои се приближуваат на патот. Доколку нема раздвиженост во сообраќајот, светлата се затемнуваат на околу 20%. Ова од своја страна е бенефит затоа што се намалува потрошувачката на енергија. Штом на патот ќе се приближи пешак или возило, автоматски светлата се вклучуваат и тоа со полн капацитет. Со тоа се обезбедува видливост и безбедност на патот.
Ваквиот систем е инсталиран на пат од девет километри, а најголемите пофалби се околу бенефитот за заштеда на енергија.
„Норвешката управа за јавни патишта проценува дека заштедата на енергија може да се исплати за проектот за помалку од пет години. Оваа иницијатива е дел од пошироките напори во Норвешка за доградба на инфраструктурата со интелигентни системи за осветлување за да се намали потрошувачката на енергија.“ – пренесува autoblog.rs.
Во продолжение погледнете го видеото.