Nilu27 – Нов убав и брутален хиперавтомобил

Саша Селипанов , поранешниот шеф на дизајнот на Koenigsegg и Bugatti, одлучи да стартува со свој хиперавтомобил. Именуване како Nilu27.

Nilu27 - Нов убав и брутален хиперавтомобил

Идејата на Саша е препозната и убава. Но, епитетот брутален се наоѓа зад овој хиперавтомобил поради секоја негова бројка. „Монокок структурата е од јагленородни влакна. А компонентите на задното ослонување се видливи однадвор.“, пренесува avtomagazin.mk Спојлерот е свиткан над трите издувни цевки… На тркалезниот управувач нема копчиња а единствениот екран во целосно аналогната внатрешност е во ретровизорот за подобра прегледност наназад.

Nilu27 има 6,5 литарски V12 мотор со 1.070 коњски сили, а брзината е лимитирана на 400 километри на час а забрзувањето како што наведуваат од компанијата зависи од возачот. Се разбира, за овој брутален убавец, ќе треба да имате длабок џеб со нешто повеќе од два милиони долари.