Математиката, науката и златниот пресек му пресудија на еден автомобил кој се најде високо на листата за најгрдиот автомобил во светот. Ова истражување се направило од страна на компанијата Vanarama. Имено секој автомобил бил оценет според два фактори:
-Целокупните димензии на возилото
-Визуелната пропорција, во однос на тоа како формите се перцепираат со голо око.
Во трката за прогласување на најгрдиот автомобил учествувале 50 модели на автомобили. Биле анализирани пропорциите, димензиите и слично, а неминовно било да не се заборави и златниот пресек. Тоа значи, како всушност нашите очи го препознаваат моделот и дали е тој хармоничен. Секако, највисоки оценки добиле моделите на автомобили кои во проценти бие најблиску до златниот сооднос.
Kia Picanto освоил само 7 поени (од 100), затоа што според истражувачите, тој е навистина светлосни години оддалечен од тој златен пресек. Тоа значи дека е помалку пријатен за око. Но, сепак според продажбата и евидентната заинтересираност од страна на клиентите, можеби оваа информација не би се зела толку многу во предвид.
На второто место е Citroen C1 со 12 собрани бодови, додека трета е Kia Sportage која собра само 15 бодови.
Очигледно е дека по овие критериуми на убавина Киа има најлоши оценки.
Целосната листа прочитајте ја тука.