Се верува дека задното седиште од автомобиот е место кое е најбезбедно, но според извесни анализи мислењето е променето. Имено Германското здружение за осигурување од несреќи (UDV) дава нови сознанија. Истражувањата и анализите велат дека само десет проценти од повредените во сообраќајни несреќи седеле на задното седиште. Но, оваа бројка треба да се земе со резерва бидејќи на повеќето патувања задните седишта се празни.
Околу 70 отсто од повредите на задните седишта биле исто толку сериозни како и оние на предните, посочуваат од Од УДВ. А околу 20 отсто од случаите повредите биле потешки, пренесува т-онлајн.
Според анализите, најчестите причини се тоа што патниците кои седат на задното седиште во автомобилот, најчесто не се соодветно врзани. Тоа, или пак седат во позиции што го зголемуваат ризикот од повреди во случај на несреќа.
Секако меѓу причините се набројува и слабиот квалитет на бебзедносна опрема.
Друга причина зошто седиштето зад возачот е најбезбедно е тоа што возачот најверојатно ќе реагира инстинктивно за да се заштити во итен случај. Така, возачот може несвесно да ја заштити возачката страна повеќе отколку совозачката, а со тоа и сопатникот зад него повеќе од другата страна на возилото.
Задното седиште е подалеку од ударот, па затоа е побезбедно отколку предното седиште каде судирот е директен. Понекогаш се вели дека средното задно седиште е најбезбедно во ова сценарио бидејќи нема седиште пред совозачот со кое би можело да се судри.
Како и да е, во сите случаи при анализите, побезбедно е да се стави појас.