Денес, скоро секој автомобил е опремен со мултимедијален систем, но истражувањата покажуваат дека неговата употреба е многу опасна. Според истражувањето на IAM Roadsmart, FIA и Фондот Rees Jeffreys Road, екраните на инфотејнмент системите ја намалуваат внимателноста на возачите повеќе од испраќањето пораки додека возите.
Реакцијата на возачите се забавува до степен што безбедносното растојание треба да биде еквивалентно на пет автомобилски должини. Возачите кои користеле допирни екрани, одвраќале поглед од патот дури 16 секунди… Што на брзина од 110 км/ч значи поминати повеќе од 500 метри. Во тестирањата, возачите користеле Apple CarPlay и Android Auto – прво без никаква интеракција, потоа со гласовни команди и конечено со екран на допир.
Резултатите покажале дека и двата метода значително ја намалуваат концентрацијата, но екранот на допир имал најголемо негативно влијание. Возачите потешко одржувале растојание и насока и побавно реагирале на ненадејни ситуации. Експертите предупредуваат дека „одвлекувањето на вниманието учествува во една третина од сите сообраќајни несреќи во Европа“. И покрај тоа што новите системи се побезбедни од традиционалните контроли , ова истражување отвора прашања за нивниот развој и безбедност. Производителите се повикуваат на дополнителни истражувања и воспоставување стандарди за минимизирање на ризиците. Возачите, пак се советуваат да ги подесат сите опции пред да тргнат на пат со цел да ја намалат потребата за интеракција со системот за време на возењето.
Мултимедијален систем во автомобилите – невидлива опасност на патиштата!