Крајот на моторите со внатрешно согорување?

внатрешно согорување

Крајот на моторите со внатрешно согорување: Дали 2035 е прерано?

Од 2035 година, Европската унија планира да забрани продажба на нови автомобили со мотори на внатрешно согорување. Но, истражување на 1 000 Германци, спроведено од Autoscout, открива дека само 17% од нив ја поддржуваат оваа идеја.

Според германскиот весник Билд, новиот комесар за клима, Вопке Хоекстра од Холандија, предложи одложување на забраната. Иако на почетокот Германија одбиваше да потпише било каков договор за оваа забрана, притисокот од ЕУ резултираше со компромис – дозвола за употреба на синтетички горива. Сепак, германските производители на автомобили бараат повеќе време.

Здружението на германски автомобилски производители (VDA) предложи рокот да се помести на 2045 година. И додека електричните автомобили се иднината, дел од производителите како Nissan, предупредуваат дека прераното преминување може да предизвика големи економски последици како милијарди загуби и илјадници работни места во земји како Велика Британија.

Дали оваа транзиција ќе се одвива со брзината која ја зацрта ЕУ или ќе се даде повеќе време за прилагодување, останува да видиме. Сепак, едно е сигурно – автомобилската индустрија се наоѓа пред епохална промена.