MOTOCAST: Поткаст посветен на живиот и страстен свет на мотоциклизмот

MOTOCAST: Поткаст посветен на живиот и страстен свет на мотоциклизмот

Мото заедницата на Балканот тргна на ново возбудливо патување со премиерното прикажување на MOTOCAST, првиот подкаст од ваков вид во регионот, посветен на славење и промовирање на живиот и страстен свет на мотоциклизмот.

Првата епизода посветена на светот на мотоциклизмот, беше премиерно прикажана во средата. На 11 септември 2024 година на националната телевиија Канал 5 и тоа во 21:30 часот на нејзиниот официјален канал на YouTube , а во 23:00 часот во рамки на нејзината телевизиска програма . Подкастот ќе биде поставен и ќе може да се следи и на официјалниот канал на MOTOCAST во четврток во 21:30 часот.

мотоциклизмот

MOTOCAST, за своите гледачи ќе ги претставува новите епизоди во овие термини и ќе се фокусира на прикажување и славење на моторџиските приказни. На култура и другарство, со силен акцент на модерните и безбедни практики на возење.

Создаден и предводен од страстен моторџија и ентузијаст Зоран Бодгановски, MOTOCAST ги истражува уникатните искуства на моторџиите од Балканот и од целиот свет. Создава платформа каде што заедничката љубов кон возење на две тркала ги зближува луѓето. Од возбудливи авантури до лични патувања, подкастот има за цел да ја поврзе, вклучи и поттикне заедницата на моторџии. Секоја епизода ќе содржи инспиративни интервјуа… Стручни сознанија и дискусии за најновите трендови во мото светот, безбедносни совети и постојано развивање на животниот стил на мотоциклизмот. MOTOCAST е место каде сите моторџии ќе имаат право на свое мислење. Ќе бидат третирани подеднакво, без разлика на пол или на нивната национална, верска или друга припадност.

мотоциклизмот

Без разлика дали сте искусен моторџија или само го откривате светот на моторите, MOTOCAST е вашиот извор. Извор за сите работи во мото светот.

Мисијата на MOTOCAST не е само да забавува. Туку и да го поттикне чувството на единство во мото заедницата и да ја промовира нејзината безбедност. Со споделување искуства, промовирање на безбедно возење и охрабрување на новите моторџии да се приклучат на патувањето, MOTOCAST ќе стане срцето на моторџиската заедница на Балканот и пошироко. Срце на мотоциклизмот.

Придружете ни се секоја недела додека се возиме во светот на MOTOCAST!

За MOTOCAST:

MOTOCAST е подкаст посветен на славење и промовирање на мото заедницата и нејзината единствена и енергична култура. Емисијата ги истакнува модерните и безбедни практики на мотоциклизам. Споделува инспиративни приказни на моторџии од балканскиот регион и од целиот свет. Поттикнувајќи силно чувство на единство и страст, MOTOCAST има за цел да ги ангажира и поттикне ентузијастите на мотори. Да создаде платформа за поврзување и споделени искуства. MOTOCAST е првиот подкаст од ваков вид во регионот, кој нуди платформа за поврзување и споделување на искуствата на моторџиите.

извор