Младите сè помалку покажува интерес за возење, за разлика од претходните генерации. Трендовите меѓу младите, особено оние од поновите генерации, се значително различни од порано. За претходните генерации, добивањето возачка дозвола со првите чекори во полнолетството беше симбол на слобода и неопходност. Но, колку често слушаме дека современата младина не е заинтересирана ниту за автомобили ниту за возачка дозвола?
Според истражувања, ова е реалност. Во Шпанија, на пример, бројот на младите возачи (од 18 до 24 години) опаднал од над 470 000 во 2007 година на околу 272 000 во 2020 година. Истражувањето на Uber од 2021 година покажува дека само 58% од генерацијата Z (родени помеќу 1996 – 2006) имаат возачка дозвола, наспроти 74 % кај миленијалците, 78 % кај генерацијата X И 87% кај бејби бумерите.
Зошто денешните млади се откажува од возачка дозвола?
Неколку фактори го објаснуваат овој тренд: Алтернативи за трнспорт: електрични тротинети, велосипеди, јавен превоз, такси услуги како Uber. Градски живот: современата младина живее во урбана средина каде автомобилите не се неопходност. Финансии: купувањето и одржувањето на автомобил е скап издаток што го избегнуваат младите. Нови Трндови кај Младите Возачи Иако бројот на млади возачи опаѓа, оние што возат покажуваат особен интерес за специфични типови возила. Генерацијата Z (77% од кои изразиле дека сакаат да возат) претпочита „јангтајмери“ – автомобили од деведесеттите кои веќе стануваат колекционерски. Причини за оваа љубов: Носталгија и влијание од видео игри, филмови и социјални мрежи. Желба за поседување автомобил со рачен менувач или од „златното доба на автомобилизмот“. Додека електричните и хибридните автомобили го освојуваат пазарот, класичните модели и рачните менувачи стануваат реткост. Новите генерации создаваат помала, но посветен група возчи кои уживаат во уникатни возила.
Еволуција на друштвото и автомобилите
Како што се менува друштвото така и автомобилската индустрија се адаптира. Современата младина преферира иновативен пристап, но и посебната вредност на класичните автомобили. Овој тренд не само што го рефлектира нивниот вкус туку и нивниот став кон мобилноста на животниот стил.