Денешните млади поретко полагаат возачки испити, вели најновата студија направена во САД.
И додека кај нас, се повеќе млади сакаат што побрзо да влезат во полнолетство и да застанат зад воланот на автомобилот кој одамна го посакуваат, тоа не е случај во САД. Имено, студијата спроведена од MarketWatch Guides покажува дека бројот на возачи помлади од 19 години значително се намалува во САД. Од 2012 до 2022 година е забележан пад во дури 40 сојузни држави. Најголем пад е забележан во Њујорк, каде бројот на млади возачи паднал за цели 49 отсто.
За потсетување, во Америка возачка дозвола може да е добие на 16 годишна возраст. Index.hr. објави дека Бројот на малолетни возачи кои се здобиле со т.н „целосна лиценца“ без ограничувања падна во споменатиот период за 8,7 отсто.
-Официјалните податоци од FHA (Федерална администрација за автопатишта) го сугерираат истото. – вели изворот за оваа информација и додава:
-Според официјалната статистика, во 1983 година дури 80 отсто од 18-годишниците имале возачка дозвола, додека во 2021 година тој удел паднал на 60 отсто. Уделот на 16-годишниците со дозвола падна од 46 на само 25 отсто.
Која е причината?
Со оглед на развиената технологија, младите немаат потреба да завршат одредени обврски напуштајќи ја удобноста на домот. Затоа според испитувањата или можеби шпекулациите, технологијата е првиот виновник на мета.
Потоа следи постењето на нови транспортни услуги како што се Uber и Lyft. Tука се и електричните велосипеди кои според младите многу повеќе, побрзо и подобро ја завршуваат работата од автомобилите.
Сепак, третата опција што ја објаснува причината зошто младите не се вклучуваат во сообраќај и не сакаат да положат возачки испит, се секако финансиите и зголемените цени на автомобилите, но и трошоците за сопственост. Во Америка, осигурувањето е се поскапо, а тука е вклучено и горивото кое исто така ја зголемува цената. Автомобилите ја зголемуваат својата сложеност, па можеби таа креативност и иновативност што сакаат да им ја доближат на клиентите, всушност и не им се исплаќа многу на младите. Затоа што редовното одржување на еден автомобил стана прескапо за многумина.
Трендот сеуште не е забележан во Европа, но се започнува од Америка нели?