Швајцарската компанија Micro на Саемот во Брисел ја претстави Spider верзијата на својот електричен четвороцикл Microlino. Ова е модерна интерпретација на легендарната Isetta, сега без покрив и со отстранети странични за полесен пристап.
Овој четвороцикл, доаѓа со платнен покривен панел кој обезбедува сенка, инспириран од класични модели како Citroën Mehari… Fiat 500 Jolly и Mini Moke. Стилот е надополнет со дрвен управувач и дрвени детали на праговите со што се додава елеганција на ретро – духот. Иако е официјално концепт, Micro планира Spider да го понуди во САД и да го адаптира за локалните стандарди. Таму вквите возила се популарни за движење низ населби, каде што ограничувањето на брзината е 56 км/ч. Технички спецификации Spider ќе користи батерии како стандардната верзија на Microlino со капацитет од 5,5 kWh, 10,5 kWh и 15 kWh како и домет до 180 км.
Претседателот на Micro, Вим Обутер, истакна: „Американците не возат само големи автомобили. САД се најголемиот пазар за голф-возила кои често се користени за личен превоз низ населби. Затоа го создадовме Microline Spider, совршен за 95% од секојдневните возења.“ Европската перспектива Со оглед на вложувањето на Spider, тој ќе се појави и на европскиот пазар каде што ќе се натпреварува со модели како Electric Moke и Fiat Topolino.