Mercedes ја отвори првата постројка во Европа, центар за рециклирање на батерии

рециклирање на батерии

Користијки единствена технологија која комбинира механички и хидрометалуршки процеси каде материјалите се разградуваат со помош на вода, Mercedes ја отвори првата постројка во Европа. Центар за рециклирање на батерии.

На тој начин литиумот, никелот, кобалтот и другите материјали низ неколку фази се одвојуваат едни од други… При што степенот на рециклирање надминува 96 отсто. “ – пишува avtomagazin.mk. „Материјалите потоа без претходна обработка можат да се  користат за производство на нови батерии. Методот што го има избрано Mercedes за нивно раздвојување е доста помалку интензивен од другите… Во поглед на потрошувачката на енергија и создавањето отпад.“

рециклирање на батерии

Истото се должи на ниски работни температури кои достигнуваат само до 80 степени. За разлика од пирометалуршкиот процес каде се искачуваат и до 1.600 степени. Од Mercedes тврдат дека ќе се добијат доволно материјали за производство на батерии за 50 илјади електрични возила кои ќе се добијат од постројката што има капацитет за рециклирање на 2.500 тони годишно