Lucid Motors го претстави својот втор модел… Кросоверот Gravity кој носи значајни очекувања за финансиска стабилност и напредок на компанијата.
Со димензии слични на Tesla Model X и почетна цена од околу 80 000 долари, Gravity нуди простор за седум патници, луксузни карактеристики, минималистички дизајн и напреден систем DreamDrive. Неговата автономија надминува 700 километри, а двата електромотори со 828 коњнски сили овозможуваат забрзување до 96 км/ч за 3,5 секунди. Со воздушно ослонување, тркала до 23 инчи и капацитет за влечење над 2,7 тони, Gravity е спој на перформанси и практичност.
Производството се одвива во Аризона, а првите нарачки ќе бидат резервирани за сопствениците на моделот Air.