Некогаш фантазија, сега вистина. Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат. Процесот траел четири години. Тоа го вели холандската компанија Pal-V. А она што сеуште не е дозволено е да се лета, па засега автомобилот останува на земја само да се вози.
Имено, овој летечки автомобил е наречен Liberty и би се рекло дека изгледа како мал хеликоптер и трицикл. Пропелерот е сместен над покривот. Има можност да постигне 160 километри на час обезбедени од 100-коњски мотор.
За овој автомобил да може да полета, се користи двојно посилен мотор. Тој му овозможува да се искачи до 3.350 метри и со максимална брзина од 180 километри на час да прејде 500 километри. За трансформација во автомобил на Liberty му се потребни 5 минути. А за полетување и слетување му е потребна писта долга 180 метри.
Во продолжение погледнете го видеото каде компанијата го промовира својот успех.