Автомобилска Единственост – Lncia Zagato Hyena што остава впечаток
Ова е автомобилот што ги спојува италијанската страст и инженерската прецизност. Lancia Delta HF Integrale Evoluzione, преработен од реномираниот Zagato и познат како Hyena, е произведен во само 24 примероци што е вистинска реткост на пазарот.
Реставриран до совршеност
Еден од овие ексклузивни примероци од 1992 година сега е достапен за продажба преку Issimi. Со само 31 000 километри, овој автомобил е внимателно реставриран, со замена на оригиналната црвена боја со елегантна Grigio Alloy нијанса од палетата на Ferrari.
Луксуз и моќ во еден пакет
Ентериерот е обложен со тиркизна алкантара. Тоа е синтетички материјал кој изгледа како велур, но е многу поотпорен и издржлив. Алкантарата е популарна поради својата мекост, елегантен изглед и лесното одржување. Моторот од 2.0 турбо е подобрен да испорачува неверојатни 320 коњски сили, пренесувајќи ја силата до сите четири тркала преку петостепен мануелен менувач
Цената на Единственоста
Овој реставриран Huyena се нуди по цена од 299.000 USD што изненадува со оглед на тоа што минатата година сличен модел беше продаден за 246.400 USD преку RM Sotheby’s.