Најскапиот судир во историјата: Четири суперлуксузни автомобили во ланчан судир со штета од речиси 8 милиони евра

Најскапиот судир во историјата: Четири суперлуксузни автомобили во ланчан судир со штета од речиси 8 милиони евра

На 10 – ти ноември, на планински премин помеѓу Австрија и Швајцарија, се случи несекојдневен ланчан судир кој резултираше со проценета штета од 7,9 милиони евра.

Оваа незгода вклучуваше четири суперлуксузни автомобили: Ferrari laFerrari, Ferrari 812 Superfast, McLaren Elva и Bentley Continental GTC.

Сѐ започнало кога возачот на Ferrari LaFerrari, вреден 4,9 милиони евра, ненадејно закочил во тесна кривина, губејќи контрола поради страв. Возилата зад него, вклучувајќи го и Ferrari 812 Superfast, не успеале да одржат безбедно растојание, што предизвикало ланчан судар во кој се вклучиле и McLaren Elva и Bentley Continental GTC.

Дискреција и срам

Најскапиот судир во историјата: Четири суперлуксузни автомобили во ланчан судир со штета од речиси 8 милиони евра

Возачите на возраст помеѓу 40 и 52 години, побарале случајот да остане далеку од јавноста поради непријатноста и срамот. Сепак, медиумите открија детали за вредностите на автомобилите. Истите, ја зголемија фасцинацијата на јавноста: McLaren Elva: 1,7 милиони евра, произведени само 149 примероци. Ferrari laFerrari : вредност од 4,9 милиони евра на аукции, достигнува до 6,7 милиони евра на аукции. Ferrari 812 Superfast : околу 536 000 евра. Bentley Continental GTC: приближно 230 000 евра.

Реакции на социјалните мрежи за овој ланчан судир

Новоста предизвика лавина од коментари, вклучително и хумористични забелешки како: „Поправката ќе чини повеќе од сè што ќе заработам во животот!“ Што можеше да се избегне? Стручњаците сега анализираат дали строгото почитување на правилата за безбедно растојание можело да го спречи овој „најскап судир во историјата“.