Ламборџини Ревуелто – Повлекување на само две возила поради потенцијален дефект

Во светот на суперлуксузните автомобили дури и најмалите грешки предизвикуваат големо внимание. Ламборџини неодамна го објави повлекувањето на само две возила од својот најнов модел, Ревуелто во САД поради можноста за истекување масло што би можело да предизвика пожар.

Ламборџини Ревуелто – Повлекување на само две возила поради потенцијален дефект

Оваа акција следи по инцидент во Њујорк во октомври, кога едно Ревуелто се запалило. Истражувањето открило дека маслото протекува во моторниот простор поради погрешно затегнати завртки во системот за масло. Компанијата изјави дека проблемот бил детектиран на уште два автомомибили, па одлучила да ги повлече како мерка на претпазливост.

Ламборџини ќе ги извести сопствениците до февруари, а проверката и корекцијата на завртките ќе бидат бесплатни. Иако нема дополнителни несреќи или повреди, ова е потсетник дека безбедноста е на прво место дури и во светот на суперспортските автомобили.