Вртоглава сума за Lamborghini Mucrielago LP640

Lamborghini Mucrielago LP640

Опремени со 6-брзински мануелен менувач, ретките примероци на Murcielago на Lamborghini, LP640, станаа исклучително барани на пазарот… А еден се продава за вртоглава сума од над милион долари.

Колекционерите „полудуваат“ за овој модел кој всушност е произведен во 2007 година и е обоен во сина боја Blu Ely. Не се знае точната бројка на примероци од Murcielago на Lamborghini, LP640 со рачен менувач во светот. Но, се претпоставува дека се само неколку десетици низ него. Имено, ретката верзија со рачен менувач е многу повозбудлива за колекционерите, отколку примерите опремени со E-Gear автоматски менувач.

Поради фактот дека е реткост, August Motorcars од Келоун, Британска Колумбија бара 1.022.733 долари. „Тоа е навистина огромна цена, особено ако се земе предвид дека Murcielago LP640 може да се има на пазарот за 250.000 до 400.000 долари.“ – вели autoblog.rs.

Murcielago е придвижуван од 6,5 литарски V12 мотор, кој има фантастичен звук, еден од најдобрите во светот на автомобили од овој тип. Автомобилот од фотографиите има внатрешност обложена со бела кожа Bianco Polar со шевови со дијамантски дезен.


Фото-print screen/you tube