Олдтајмери: Класиката „Застава“- доказ дека убавината лежи во едноставноста

klasika класика

Генерации Југословени израснаа со популарните модели како фичо, застава – 101, југо. Денес, овие автомобили се реткост. Но, кога ќе се појават, се класика и предизвикуваат топлина, потсетувајќи на помирно време и поспор ритам на градот.

Од љубов кон олдтајмери до колекција Марјан Илиќ, страствен љубител на „Застава“ возило (денес класика), ја започнал својата колекција инспириран од едно патување во Италија. Искуството со „фичо“ во Позитано го поттикнало да набави ваков автомобил. А потоа и да го прошири интересот кон „сто – едно“. Овие стари автомобили речиси се невозможни за пронаоѓање.

Олдтајмери: Класика „Застава“- доказ дека убавината лежи во едноставноста

„Ова е мој времеплов низ српската автомобилска историја, враќање во времето кога Белград имаше поинаков дух,“ вели Марјан. Возење со стил и носталгија… Нивниот дизајн, опремата и звукот од моторот нудат униктно искуство.

Веља Калајџиќ, компанија и експерт за одржување, го нагласува шармот на „трстаќот“ со 1 500 кубика: „Овие автомобили не се за брзање туку за уживање. Секогаш кога ќе возам, чувствувам како да сум дел од поинаква, поспокојна ера,“ вели Веља. „Пезеецот“, пак со своите 50 години е симбол на елеганција и едноставност.

Без електронски додатоци, овие автомобили потсетуваат на време кога животот бил поопуштен, а сообраќајот помалку хаотичен. Живи споменици на еден Белград За многумина, овие олдтајмери се повеќе од автомобили – тие се посетник на младоста, семејните патувања и дружбите. Туристите се воодушевени, а локалните жители со задоволство ги поздравуваат. Во свет каде автомобилите стануваат електронски чуда, класиката „Застава“, останува доказ дека убавината лежи во едноставноста.