–Целата светска економија е во опасност да биде презаситена со кинескиот евтин извоз, кажа Бруно Ле Мер, францускиот министер за финансии на состанокот со неговите колеги од земјите членки во групата 7 позната како Г7. – Пренесува faktor.mk
„Неопходно е да се реагира на штетните практики и да се разгледа преземањето чекори за да се обезбеди ниво поле за играње“ – продолжи францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер на собир во Стреса, Италија, кој заедно колегите, директно му се обратија и ја повикаа Кина алудирајќи на барање решение за прашањето поврзано со кинескиот евтин извоз.
Според Блумбер кинескиот прекумерен капацитет, претставува опасноста и закана за водечките индустриски нации и домашните производители.
На оваа иницијатива, апел и директно обраќање, се пркличува и ЕУ. Нејзните подготовки за превземање на мерки ротив Кина, веќе се во тек. Американската агенција пак, ќе забележе дека можеби ваквите експлицитни зборови претставуваат еден вид ескалација. Предимензионираност на проблемот за разлика од претходниот поизмерен и намален дискурс кога станува збор за кинеската трговија.
Според медимуите, ваквата изјава од страна на министрите за финансии на Г7, се иницира после најавата на Џозеф Бајден кој повторно ќе воведе царини за стотици увезени кинески производи.
Меѓу другото Европската унија (ЕУ) е блиску до завршување на истрагата. Истрагата за субвенциите кои ги дава Кина за производство на електрични возила. Според ова, истрагата најверојатно ќе резултира со воведување на одбранбени мерки од страна на ЕУ против извозот на автомобили од Кина.
Во контекст на меѓународната трговија, одбранбени мерки можат да вклучуваат тарифи (царини)… Или други трговски бариери кои се поставуваат за да се заштити домашната индустрија од нелојална конкуренција. Во овој случај, ЕУ можеби ќе воведе дополнителни царини на кинеските електрични возила. Целта е да се намали нивната конкурентност на европскиот пазар. тоа ќе се слуи ако се утврди дека кинеските производители добиваат субвенции што им овозможуваат да ги продаваат своите возила по пониски цени од оние на европските производители.