Вухан има големи амбиции. Mетрополата во Кина, сака да стане првиот град во светот без возач. На кинеската платформа за социјални медиуми Веибо, неодамна се појави видео кое достигна над 80 милиони прегледи. На истото, еден патник кој се вози во една од белите лимузини со т.н. роботакси вели: „Никогаш нема да морате да купите автомобил“.
Имено зад ова роботско такси во Кина, стои Apollo Go, подружница на кинескиот технолошки гигант Baidu. Обаста која ја покриваат е веројатно половина од населението во Вухан. Имено, станува збор за возен парк од 500 возила.
Возење од 10 километри во такси со возач чини меѓу 18 јуани и 30 јуани (2,30 до 3,60 евра). Спротивно на тоа, возењето во Apollo Go чини само 4 до 16 јуани (0,50 до 2 евра).
Услугата беше лансирана во 2022 година и почна да расте во првата половина од годината. Компанијата има за цел да ја удвои својата флота на 1.000 автомобили до крајот на 2024 година. Вухан моментално има околу 17.000 редовни такси возила, според секретаријатот за сообраќај на градот.
Но, сето ова може да донесе до тешки последици кои ги загрижуваат граѓаните. „Ќе се затворат автошколите, сообраќајните инспектори и такси возилата“ – велат тие. Но, како и да е, не можеме да го спречиме напредокот на технологијата, туку да смислиме начин као да се прилагодиме на тоа.