Во време кога големите светски автомобилски саеми се соочуваат со сериозна криза, футуристичките концепти кои обично го пленат вниманието на публиката се наоѓаат пред опасност од истребување. Но, напорите на дизајнерите не згаснуваат. Еден ваков пример доаѓа од американското студио на Kia кое креираше авантуристичко комби врз основа на моделот PV5 со изразени теренски способности… Со изглед што би можел да се вклопи дури и на месечината.
Возило како „швајцарски нож на тркала“
Корејскиот производител го опишува овој концепт, чија ознака потсетува на зборот „викендаш“ како швајцарски нож на тркала. Ентериерот на KIA – PV5 WKNDR е дизајниран да биде максимално флексибилен. Да овозможи трансформација во удобен простор за спиење… Канцеларија или кујна за пикник во природа.
Возилото користи напредни технологии за напојување. Како соларни панели и иновативни хидротурбински тркала – решение што уште не е детално објаснето, но звучи импресивно.
Експериментални дизајни со потенцијал за иднината
Иако сериско производство на овој концепт не е предвидено, одредени решенија би можеле да се најдат во понудата на Kia како дополнителна опрема.
Покрај овој модел, Kia направи дизјнерски ревизии и на големиот теренец EV9 кој доби поцивилен , но робустен изглед со носачи на покривот, идеални за поставување шатор.
Инспирација од иднината
Автомобилските концепти како овие, потсетуваат дека иновациите не запираат дури и во најтешките времиња. Kia демонстира дека креативноста и технологијата можат да се спојат. Да се спојат за да создадат возила кои инспирираат и отвораат нови можности за иднината на мобилноста.