Kia EV 6 објавен за автомобил на годината во Македонија 2024

Kia EV6 објавен за автомобил на годината во Македонија 2024. Kia EV6 се вели дека е гордоста на македонските патишта. Kia EV6 е избор на Националното жири на „Автомобил на годината во Македонија“. Објавен е победникот за 2024 – Kia EV6!

Оваа одлука не е само просечен избор, туку победа на иновација и перформанси што ја дефинираат автомобилската индустрија во наредната ера. Со гласањето на новинарскиот жири, Kia EV6 го однесе најпрестижниот наслов на македонската автомобилска сцена.

Нова ера во дизајн и технологија

EV6 е симбол на иновација. Првиот модел на Kia базиран на новата електрична глобална модуларна платформа. Овој автомомил претставува револуција во дизајнот и функционалноста. Во  Kia EV6 е имплементиран новиот пристап на дизајнот со што се издига како икона на современ  автомобил.

Перформанси без компромис

Со впечатливите перформанси, EV6 нуди висока автономија и брзо полнење на батериите со што донесува задоволство на возење. Додека секој километар се превртува во авантура, EV6 го докажува своето место како лидер во индустријата.

Технологија од следна генерација

Внатрешноста на EV6 е комфор што може да се спореди со лимузини од висока класа. Истовремено нуди иновативни технологии за помош на возачот и инфотаинмента. (екрани за информации, системи за паметни аудио и видео збава, пристап до интернет)

На овој начин EV6 го превзема патот и го трансформира во неповторливо искуство.