Точно 50 години откако престана со негово производство, Jaguar направи два потполно нови примероци на легендарниот Е-Type. Причината е да се исполни желбата на еден верен купувач од југоисточна Азија,
„Користена е оригиналната техничка документација но возилата не се идентични како некогаш – имаат 3,8 литарски мотор со електронско вбризгување место тројни карбуратори, спарен со петстепен менувач.“ – пренесува avtomagazin.mk.
Во поглед на подобрувањето и надоградувањето, се наоѓа блутут радиото и загреваното ветробранско стакло. Во филигрански прецизно обработената внатрешност се среќаваат детали од сребро и 18-каратно злато.
За да се оствари желбата на клиентот, од Jaguar велат дека биле потребни 2.000 работни часа за да ги направат.