Индија се подготвува за електрична револуција – Владата инвестира 1,3 милијарди долари за почисти патишта

Индија

Индија се подготвува за електрична револуција – Владата инвестира 1,3 милијарди долари за почисти патишта

Индија го прави големиот чекор кон чиста енергија и одржлива мобилност! Со амбициозен план од 1,3 милијарди долари, индиската влада ќе ги стимулира граѓаните и компаниите да се префрлат на електрични возила, намалувајќи го загадувањето и отворајќи нова ера на почисти горива.

Министерот за информации, Ашвини Ваишнав, на прес – конференција објави дека овие стимулации ќе се фокусираат на популаризација на електрични возила. Возила со две и три седишта како и на електрични амбулантни возила и камиони. Иако електричните возила сè уште ретко се гледаат по индиските патишта, оваа иницијатива ќе ги забрза промените и ќе го поттикне производството на екжлектрини возила и делови за нив. Ќе создаде поеколошка инфраструктура. Една од највозбудливите вести е дека Индија планира да набави повече од 14 000 електрични автобуси за јавниот транспор. Тоа би претпоставило огромен чекор напред кон чиста и одржлива урбана мобилност. Иако сè уште не е јасно дали шемата ќе ги вклучува и стандардните електрични автомобили, оваа инвестиција носи ветувања. Ветувања за побрзо адаптирање на земјата кон зелената енергија.

Со вакви чекори , Индија се позиционира како светски лидер во транзицијата кон почист транспорт, а нејзините улици ќе бидат пополни со еко – пријателски возила.