Приказна за Споменикот на Мерцедес на Имотски: Асоцијација за успех и престиж

Мерцедес

Зад овој споменик на Мерцедес, се крие голема приказна. Историја која всушност зборува за тажната слика на Имотски. Имено назад во 1960-тите и 1970-тите, Имотски „испратил“ илјадници луѓе на „печалбари“. Тие работеле макотрпно во Германија, а дали успеале во туѓина, се гледало по поседувањето на еден автомобил.

Мерцедес-Бенц асоцирал на престиж или поседувањето нa овој автомобил значело дека печалбарите успеале.

„Тоа беше симбол на успехот…“, рече Иван Топиќ, кој работел во градежништвото во Франкфурт 18 години, пред да се врати во Имотски во 1997 година.

Мерцедес

Денес, во овој мал град во Хрватска „мерцедес“ излегува од карпа. Скулптурата во природна големина е во чест на илјадниците емигранти кои гордо се вратиле дома од Германија зад воланот на единствен статусен симбол.

Жителите на Имотски, се уште се големи обожаватели на тоа возило. Половина од 16.000 регистрирани автомобили во околината се „мерцедес“. Освен што е синоним за успех, Mercedes-Benz е длабоко вкоренет во идентитетот на областа и населението. Според организаторот на проектот, Иван Топиќ Нота, овој автомобил е далеку пред своето време, а модерен е и денес.

„Мерцедес овде значи се. Кога ќе го купите, можете да бидете мирни – „Ти го направи тоа!““, изјави Бушиќ, помогател за остварување на овој проект и изградба на споменикот. Меѓу другото, горд сопственик на три германски лимузини.