Honda Passport наменета за апетитите на помладата клиентела

Honda Passport

Кросоверот Passport е наслабо продаваниот модел на Honda во Америка. Но, сега Honda ја претстави најновата негова генерација.

Моделот сега располага со помодерна опрема. Поцврст изглед, голем е колку Volkswagen Touareg и ексклузивно наменет само за тамошниот пазар. Претежно за да ги задоволи апетитите на помладата клиентела.

Трагајќи по некои одредени иницијативи на младите, хоби и слично, Honda го запримети зголемениот интерес на младите за излети, па токму затоа моделот Passport доби поистакнати теренски својства. Нив ги обезбедува големиот 3,5 литарски атмосферски мотор. Неговите 285 коњски сили преку десетстепената автоматика, ги задвижуваат сите четири тркала.

Honda Passport

„Инженерите на Honda тврдат дека интелигентниот систем е способен целиот вртежен момент да го испрати само на едно тркало ако треба, а практичните можности за користење ги обезбедуваат седумте режими на возење и посебните плочи под возилото кои ја штитат механиката од камења на тежок терен.“ – пренесува avtomagazin.

Извор