Во светот на деловниот кодекс или во оној свет каде знаеш да го посадиш тоа дрво од кое ќе „растат пари“, круцијална е идејата. Но, оваа идеја на Форд веројатно нема да им се допадне на многу возачи. Имено, ова е таа иста компанија која неодамна патентираше автомобили кои замислете, сами возат до салонот доколку нивниот сопственик не плати рати. Овој пат, Форд повторно со „брилијантна“ идеја. Имено, овој пат компанијата ќе ја искористи технологијата за нов систем што се однесува до евидентирање на брзината на автомобилот. Прекршувањето на брзината, ќе може да се измери со помош на сензори и камери.
Секако после тоа следат пријави во полиција и казни за прекршувањата на сообраќајните правила што се однесуваат на брзо возење. Истото стои во описот од страна на Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД со наслов „Системи и методи за откривање на прекршување на брзината“ објавен на 18 јули.
Ако се открие дека одредено возило ја надминува дозволената брзина, тогаш ќе ја вклучи камерата и ќе почне да снима. За да се пронајде сторителот точно, ќе се одреди една или повеќе идентификациски карактеристики на другото возило.
Системот за снимање би можел да функционира на неколку начини. Првиот начин е постоење на камера од 360 степени или мрежа од камери кои ги снимаат сите дејства. Другиот начин вклучува предавање на контролата на камерата на полицијата.
Ова би можело да биде позитивна работа доколку се детектираат несовесните возачи, но веројатноста дека некој би сакал да купи возило кое би го предал возачот на полицијата, чисто се сомневаме. Сепак… Недостасува и трет начин кој би бил во бенефит и на возачите, но тогаш ќе ја нема идејата, така што… Идејата нашите автомобили да станат автоматски полициски доушници и не е многу интригантна и за воодушевување. Нели?