Згoлемената тежина на автомобилите секогаш се издвојува како проблем кај производителите на автомобили. Може да се рече дека тоа е темната страна. Светски популарните брендови сѐ повеќе се обидуваат да ги исполнат се построгите прописи. Тие вклучуваат се подобри безбедносни системи, и повеќе опрема. Во контекстот, проблемот со „дебелење“ не го заобиколи и Форд.
Како што пренесува Klix.ba, меѓу моделите на Форд кои би биле погодни за „диета“ поради неколку причини. Фарли се осврнал на актуелниот Mustang чија тежина во комбинација со најмалиот 2,3-литарски турбо бензински мотор со четири цилиндри и каросеријата Купе изнесува 1.627 килограми, а тежината на верзијата Cabrio во комбинација со 5.0-литарски V8 мотор и автоматски менувач, тежи уште 200 килограми. Повеќе маса значи помалку забава, што е особено важно во светот на спортските автомобили.
Има многу начини да се намали тежината на познатиот „Мустанг“, но сега за сега и во догледно време Фарли целосно ја отфрла можноста да се откаже од споменатиот V8 мотор во догледна иднина, бидејќи „тогаш Мустангот повеќе не би бил Мустанг“.