Фолксваген може да ја затвори фабриката на својот луксузен бренд Ауди во Брисел

Фолксваген

Поради наглиот пад на побарувачката на електрични автомобили на марката Audi, како што е Audi Q8 e-tron, постои можност германската автомобилска групација Фолксваген (VW) да ја затвори фабриката на својот луксузен бренд Ауди во Брисел. Ова не се случило од 1988 година.

Фолксваген

Ова е далеку од очекувањата од страна на производителите на брендот, па затоа следи и финансиска криза. Станува збор за огромни инвестиции во технологија, во капацитет. „Фолксваген посочува дека трошоците за изнаоѓање алтернатива за фабриката во Брисел или нејзино затворање, како и други непланирани трошоци, ќе достигнат 2,6 милијарди евра и тоа само во финансиската 2024 година.“ – пренесува avtomagazin.rs.

Имено, фабриката во Брисел, долги години се бори со структурни проблеми, а во неа работат околу 3.000 луѓе.