Пред 69 години, во Крагуевац на 18 Октомври се родило првото „фичо“. Автомобил кој навистина стана симбол на една ера, а беше моторизиран од југо. Најносталгичниот модел излезе од фабричките линии во „Застава“ во Крагуевац.
Се започна под лиценца врз моделот „Фиат 600“. „Застава 600“ имала мотор од 633 кубика. Во 1962 година пак, започнало производството на „Застава 750“, верзија со помоќен мотор. Во 1970 година Фиат престана да го произведува моделот. Но, сепак упорни биле во Крагуевац. До 1985 година од таму се произведиле вкупно 923.487 единици.
На самиот почеток на производството, моќноста на моторот била 23 КС. А во последната година на производство била до 27 КС. Моделот Z-750 LE е последниот модел кој денес се чува во музејот „Застава“.Носталгичното фичо се пробило и низ светот, па на секаде околу него се произведени вкупно 4.921.626 возила, од кои 2.695.197 се произведени во фабриката „Фиат“, 923.487 во „Застава“, 814.926 во „Сеат“ (Шпанија), 304.016 во „Севел“ (Аргентина). , во Германија ( Fiat Nectar) 172.000 и во Чиле (Fiat) 12.000 примероци.
Од скоро пет милиони произведени возила, само еден пример доживеа почесен круг на Нирбургринг.
Фичо не е само автомобил, туку нешто кое симболизира посебно време и начин на живот по кого многумина копнеат да се врати.