Педро Санчез ја одмрзнува тровската битка и испраќа порака до Европската Унија и Кина: Шпанија повикува на компромис со Кина за електричните автомобили

Европската

Во срцето на глобалната економска сцена, шпанскиот премиер Педро Санчез испраќа порака до Европската Унија и Кина. Повикува на внимателност и размислување пред воведувањето дополнителни царини за кинеските електрични автомобили. „Не ни треба уште една војна, а најмалку трговска војна“. Истакна Санчез и повикува на дијалог и соработка на крајот од неговата официјална посета на Кина.

Додека Европската комисија веќе воведе привремени царини од 5ти јули, шпекулациите околу дефинитивните мерки  кои треба да стапат на сила за неколку месеци, оставаат простор за дипломатска маневра. Шпанија ќе дејствува конструктивно во потрагата по компромис. Притоа, истакнувајќи дека сите земји – членки, вклучително и Шпанија, треба внимателно да ја преиспитаат својата позиција.

Во текот на летото, Шпанија го поддржуваше воведувањето на дополнителните царини, но на повидок е нова промена на курсот пред клучното гласање во октомври. Ова прашање не е само прашање на трговија туку и на стратегија и иднина затоа што одлуките што ќе ги донесе Европската унија можат да ја обликуваат иднината на автомобилската индустрија.

Трговскиот конфликт меѓу Брисел и Пекинг ја нагласува потребата од балансирање на фер пазарните услови и заштита на локалната индустрија. Дефинитивните мерки ќе важат пет години со можност за продолжување . Ова ги прави преговорите од исклучитлна важност за иднината на електричната мобилност во Европа.