Неочекуван посетител предизвика хаос во гаража на Schmiedmann Sweden. Продавница специјализирана за резервни делови и половни автомобили BMW. Ситуацијата изгледала како сцена од филм, кога Виктор Ортергрен, извршниот директор, пристигнал во гаражата за да го складира својот глисер пред зимата. Додека влегувал, Виктор слушнал чудни звуци од гаражата. Заинтригиран, решил да провери… Но, она што го затекнал било вистински шок – огромен елен во средината на гаражата.
Во страв дека животното би можело да нападне, Виктор се повлекол. Успеал да да го сними необичниот инцидент со својот мобилен телефон. Штета на реставриран BMW 850i. На снимката се гледа како овој елен се подига на задните нозе и со предните копита ја удира каросеријата на свежо реставриран BMW 850i, подготвен за клиент. Автомобилот кој бил скоро совршено обновен, претрпел значителна штета. Изгубена и удлабена каросерија, оштетена предна маска како и штети на возилото на еден од вработените.
Крај без повреди
Иако е значително вознемирен од материјалната штета, Виктор е благодарен што ниту животното, ниту некој случаен минувач не е повреден. На крајот, лосот успеал да избега и да се врати во шумата.
Ова необично случување , освен што предизвика штета, остави и насмевка – BMW возилото поминало вистински „тест на лос“.