Електрично возило од минатиот век – Идејата е далеку постара отколку што мислите

Електрично

Електрично то возило, денес е повеќе од познато и се составен дел од портфолиото на многу производители на автомобили. Но, сте знаеле ли дека овој термин не е нов, туку има длабока историја. Имено, податоците зборуваат дека првото електрично возило се појавило во четириесеттите години на минатиот век. Изгледа дека идејата е далеку постара отколку што сме мислеле.

Едно од најслатките електрични возила во историјата е создадено како одговор на енергетската криза.“ – вели магазинот autoblog.rs

Тоа е лесно градско возило (LCV) произведено од Peugeot помеѓу 1941 и 1943 година. Изграден е како одговор на недостигот на гориво во Франција за време на германската окупација.

Електрично

Овој едноставен и симпатичен малечок кабриолет во главно го користеле само шоштари за време на Втората светска војна, а она што е интересно е фактот дека истото се напојубвало од батерии од 12V сместени во предниот дел на возилото. Возилото, можело да развие брзина до 34 километри на час и да патува нешто повеќе од 80 километри по полнење.

За жал, германските власти го забраниле производтството и оваа приказна кратко траела. Вкупно 377 LCV модели ја напуштиле фабриката, а денес се историско наследство во музеи.