Електричните возила се поопасни за пешаците, вели едно истражување направено во Велика Британија.
Два пати поголеми се шансите електрично возило да удри пешак, отколку возило со мотор со внатрешно согорување. Во урбаните средини пак, шансите се зголемуваат, па според истражувањето тие се три пати поголеми.
Зошто е тоа така?
Истражувањето е малку старо, но сепак користена е доста комплексна шема, по што резултатите се вели дека се веродостојни. Студијата е направена врз база на пет илјади милијарди километри поминати од возилата на британските патишта и на скоро сто илјади сообраќајни несреќи со пешаци. Веројатно една од причините е евидентна. Звукот е основниот проблем. Па така, бидејќи електричните возила се движат тивко, често се случувало пешаците да не ги слушнат и да прелетаат на патот.
Секако има и друго објаснување за несреќите кои се случуваат. Причината е што електричните возила се многу помоќни. Забрзуваат поенергично, а поради тоа што во исто време се тешки, тие имаат подолг пат на запирање.
Пософистицираната технологија е советот кој се даде врз основа на ова истражување. Од тука, изготвувачите на студијата предлагаат возилата да бидат опремени со пософистицирани системи за детекција на пешаци и автоматско запирање.
Но, сепак ова истражување може да се земе за ирелевантно, можеби том поради фактот што институцијата која го направила истражувањето е – лондонската школа за хигиена и тропска медицина, која својот труд го има објавено во научното списание со назив Журнал за епидемиологија и јавно здравство.